Голема хуманост од младите во рамки на денешната крводарителска акција

Денес во Делчево се спроведе редовната крводарителска акција за месец април. Со тоа што подарија 67 крвни единици, како што информираше Невенка Христова од Општинската организација на Црвен крст, денес хуманите граѓани ја остварија предвидената крводарителска норма.
 
-Акцијата беше една од поуспешните која Општинската организација ја спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Радува фактот што денес најизразит беше бројот на млади крводарители, како и на оние кои за прв пат подарија крв. Со акцијата беа опфатени и средношколците од делчевската гимназија, кои доброволно се организираа и донираа од капката која спасува човечки животи, информира Христова.
 
Освен средношколците како што додаде Христова во рамки на акцијата заинтересираноста за дарување крв била подеднаква и кај припадничките на понежниот пол, но и кај редовните крводарители кои на секои три месеци ја користат можноста да ја покажат хуманоста на дело.
 
Ова е четврта крводарителска акција која се спроведува со крводарителите од Делчево. Следната ваква акција е најавена за почетокот на месец мај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*