Учениците од Делчево и Љубљана ги видоа убавините на Брегалничкиот регион

Делчевските гимназијалци и група ученици од гимназијата „Полјане“ од Љубљана денес во село Негрево го посетија Едукативниот центар за зачувување на природата каде имаа прилика да се запознаат со убавата природа на Брегалничкиот регион преку разните видови на риби, хербализирани растенија и многу други животни кои се среќаваат во овој регион.

Едукативниот центар беше претставен на англиски јазик од страна на професорката по биологија, вработена во едукативниот центар и тројца ученици од Општина Пехчево.

Гимназијалци од Делчево и Љубљана во посета на Едукативниот центар во село Негрево

Гимназијалци од Делчево и Љубљана во посета на Едукативниот центар во село Негрево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, April 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*