Пекара ЛУНА ГИВ со донација за младите категории на ФК ,,Брегалница” Делчево

Пекара ЛУНА ГИВ уште еднаш го покажа своето чувство за општествена одговорност и по кој знае кој пат додели спортска опрема за најмладите спортисти од Делчево.

Овојпат донацијата од ,,Луна Гив” беше наменета за младите категории на ФК ,,Брегалница” Делчево кои веднаш ги облекоа новите дресови и одржаа квалитетен тренинг полн со возбудувања.

Едно големо БРАВО за пекара Луна Гив кои се надеваме ќе поттикнат уште многу стопански субјекти да го направат истото и да израдуваат уште голем број дечиња на кои спортот им е на прво место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*