По повод големиот христијански празник Велигден, во понеделник, 29 април 2019, на вториот ден од Велигден, со почеток во 10 часот во дворот на старата Црква “Успение на Пресвета Богородица” ќе се претстави детскиот црковен хор под менторство на професор Виолета Стојковска со пеење на црковни песни придружувани од дипломираниот теолог Никола Мајсторски.
Во рамки на настанот група ученици под менторство на професор Верица Боинска и Касандра Стоименовска ќе изведат театарската претстава со Велигденска тематика. Настанот ќе го води професор Анита Златковска Постоловски.
Предвидена е и ликовна изложба и изложба на Велигденски јајца.
За учесниците и посетителите ќе следува освежување со производите на Кожувчанка.
Leave a Reply