Како се одбележа вториот ден од Велигден во Делчево

Денес во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево се реализираа низа настани по повод вториот ден од Велигден. Активностите како што информираше професор Ненад Јовановски се реализираа со ученици од црковното училиште Св.Кирил и Методиј.
 
-Организацијата течеше на највисоко ниво. Бевме вклучени повеќе професори при што се одржа Велигденска изложба, со црковно пеење се претстави детскиот црковен хор, а беше изведена и драмска претстава на тема Велигден. Покрај тоа имаше и ликовна изложба на која учествуваа најмалите, истакна професор Ненад Јовановски.
 
Црковното училиште постои две години и како што информираше професорката Анита Златковска Постоловски претежно е составено од ученици на возраст од 12 до 15 години.
 
-Училиштето успешно функционира две години, децата со радост доаѓаат, креираат се активираат и со многу радост учествуваат на овие настани кои од оваа година започнавме да ги организираме. Се надеваме дека во наредните години ќе биде помасовно, ќе имаме повеќе посетители затоа пред се на децата останува иднината и ние од нив треба да учиме, истакна Анита Златковска Постоловски.
 

На сите учесници од страна на црковните свештеници им беа доделени црковни икони, а настанот заврши со традиционалното крешење велигденски јајца.

Настап на детскиот црковен хор и драмска претстава на тема „Велигден“

Настап на детскиот црковен хор и драмска претстава на тема „Велигден“

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 29, 2019

Велигденски чествувања во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 29, 2019

Велигденски чествувања во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица

Велигденски чествувања во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 29, 2019

Велигденски празнувања во дворот на Црквата Успение на Пресвета Богородица

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 29, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*