Објавен огласот за избор на „Најубаво уреден двор“ во Делчево

Како дел од кампањата „Заедно до поубаво Делчево“, општина Делчево денес го објави огласот за избор на најубаво уреден двор на куќа, зграда, институција или стопански објект за 2019 година. Како што информираа од општина Делчево, пријавувањето започнува од денеска, а ќе трае заклучно со 1 јули 2019 година.
 
-На јавниот конкурс можат да се пријават сите граѓани кои ценат дека нивното дворно уредување заслужува внимание, но и сите граѓани кои се воодушевуваат на дворот на пријател или сосед, можат истиот да го пријават за да учествува на изборот за најубаво уреден двор во Делчево.
Конкурсот ќе биде отворен до 1 јули, период кој сметаме дека е доволен за заинтересираните граѓани да ги направат потребните подготовки и да ги уредат дворовите. Комисијата формирана од стручни лица ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини, информираат од општината.
 
Додаваат дека комисија формирана од стручни лица ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини.
 
За најубаво уреден двор, предвидени се две награди во износ од 10.000 денари во категориите Индивидуално домување и Колективно домување или институција и стопански објект.
Во следното видео се потсетуваме на победниците од 2018 година.

Сања Атанасова и ОЈУДГ Весели Цветови добитници на наградите за најубаво украсени дворови во општина Делчево

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, September 4, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*