Се подготвува нов скејт-парк во Делчево

Се подготвува уште еден парк во центарот на Делчево. Паркот се гради согласно годишната програма за работа на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ и ќе се наоѓа зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, како што информираа од претпријатието истиот ќе опфаќа површина од 2000м2.
 
-Планирано е комплетно хортикултурно уредување на просторот, при што ќе се засее нова тревна површина, цветни аранжмани, засадување декоративни дрва, поставување урбана опрема и изведба на патеки од бекатон. Исто така, на планираниот простор е предвидена изградба на инфраструктура за скејт-борд, со што Делчево одговора на барањата на младите, информираа од ЈПКД „Брегалница.
Иницијативата за изградба на паркот е на градоначалникот Горан Трајковски, а работите за уредување на просторот, како што дополнија од претпријатието ќе започнат околу средината на месец мај.
 
Со ова хортикултурно доуредување на просторот заедно со изградбата на фасадата на новата црква, овој дел од централното градско подрачје во Делчево ќе добие комплетен изглед и атрактивна целина за граѓаните и гостите кои го посетуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*