Делчевки бронзени, Вардар најдобар на Ф-4 турнирот во Делчево

Ракометниот клуб Делчево го освои бронзениот медал на фајнал-фор турнирот кој се одржа во спортската сала М.М.Брицо во Делчево. Во борбата за третото место делчевки беа подобри од екипата на Сани од Охрид која заврши како четвртопласирана.

Во финалниот натпревар екипата на РК „Вардар“ под водство на Анџела Платон ја совладаа солидната екипа на Стружанка која добро се претстави и имаше шанса да извлече нерешен резултат, но во последните два напади немаа доволно сили да го победат силниот Вардар.

Фајнал фор турнирот започна со натпреварот помеѓу РК Делчево и РК Стружанка кои патникот во финалето го решаваа по изведувањето на пенали. Делчевки беа на дофат од финалето но немаа доволно среќа, додека Вардар за пласман во финалето убедливо ја совлада екипата на Сани од Охрид.

Во очекување на целосен видео извештај на нашите девојки им ја честитаме бронзата и им посакуваме уште многу успеси во понатамошните натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*