ПСК „Голак“ и огранокот „Сосна“ заеднички го искачија Царев Врв

Група планинари, членови на Планинарско-спортски клуб ,,Голак” од Делчево и огранокот ,,Сосна” од Берово, го реализираа најавениот планинарски марш до Царев врв (Султан Тепе) на Осоговските планини. Маршот се одбивал во добри временски услови, а патеката на искачување, како што информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски била долга 23 километри.
 
-Патеката беше долга 23 километри во двата правци, а започна од село Горна Цера (Цветанска маала), на 1043 метри надморска висина, се до Царев Врв, кој се наоѓа на 2085 метри надморска висина на Осоговските планини. И покрај тоа што претходно акцијата ни беше откажана поради најавените дождови со грмотевици, сепак се договоривме, похрабрите да го искачиме врвот, па ако има невреме да се вратиме, информира Чучуковски.
 
Додава дека планинарите сепак имале добри временски услови, без врнежи и грмежи, освен на врвот, каде дувал силен ветер, но кој не претставувал закана по планинарите, при што сите учесници без потешкотии ја поминале патеката до Царев врв.
Вакви и слични планинарски акции од ПСК ,,Голак” Делчево најавија и за во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*