ООУ „Ванчо Прке“ го одбележува својот патрон празник

Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ со низа активности денес го одбележува својот патронен празник. Со почеток во 9 часот на новото мултинаменско игралиште во дворот на училиштето се одржаа турнири во фудбал, ракомет и кошарка, а главната церемонија е вечерва со најавената свечена академија, изјави директорот на училиштето Горан Велков.
 
-Освен спортските натпревари во ракомет, кошарка и мал фудбал во холот на училиштето организиравме и скромна свеченост на која присутни беа градоначалникот Горан Трајковски, раководители и директори на локални институции и наставници во пензија кои имаа можност да ја погледнат ликовната изложба подготвена од страна на вредните ученици, изјави Велков.

 
Со почеток во 19:00 часот ќе започна официјалниот дел од програмата за чествувањето на патронот на училиштето каде со најразлични кореографии, песни и ора ќе се претстават ученици од различните одделенија под менторство на нивните наставници.
 
Велков денес ги сумираше и резултатите од досегашниот дел од учебната година.
 
Спортски успеси на училиштето
 
Кошаркарките предводени од наставниците по физичко и здраствено образование и оваа година го продолжија успешниот континуитет на победи, нивната работа и посветеност  ги доведоа до врвот на финалето на Државното првенство во кошарка. Покрај големата конкуренција не можеа да излезат на крај со нашата сила, техники и умешност во водењето на кошаркарската топка. За пофалба и восхит е пожртвуваноста на нашите млади надежни кошаркарки кои го оставија срцето на теренот. Пред нив претстојат уште два напорни натпревари, но се надеваме дека досегашниот  успехот ќе продолжи кој ќе не одвете до златниот медал.
 
Ова e составот на кошаркарската екипа која се пласира на државно првенство за основни училишта во кошарка под раководство на наставникот Антонио Златковски – ДРЖАВНО –КОШАРКА (женски) – ООУ „ ВАНЧО ПРКЕ“, ДЕЛЧЕВО  УСК „ ШАМПИОН“, ДЕЛЧЕВО


1.Деника Спасевска –IX-1 одд
2.Елена Ангеловска-IX-1 одд
3.Ана Ангеловска-VII-3 одд
4.Фросина Георгиевска-IX-1 одд
5.Магдалена Гоцевска-IX-4 одд
6.Ана Гоцевска-VII-3 одд
7.Драгана Димитровска-IX-1 одд
8.Фросина Десподовска –IX-3 одд
9.Елена Стоименовска-VII-4 одд
10.Мелани Јовановска-VII-1  одд


Не изостанува и успехот на кошаркарската екипа од ученичките од VI-VII одделение, кои се пласираа на регионално првенство во кошарка за основни училиште кое следува во наредниот период.

Ова е составот на екипата :

⦁ Ана Ангеловска- VII-3 одд.
⦁ Ана Гоцевска   – VII-3 одд.
⦁ Анастасија Михаиловска- VII-4 одд.
⦁ Елена Аралампиевска  – VII-4 одд.
⦁ Елена Стоименова  -VII-4 одд.
⦁ Стефани Симовска -VII-1 одд.
⦁ Софија Ангеловска- VII-1 одд.
⦁ Мелани Јовановска -VII-1 одд.
⦁ Сандра Марковска  -VII-1 одд.
⦁ Емануела Новоселска -VII-2 одд.

Нашето училиште ООУ ВАНЧО ПРКЕ -Делчево предводено од наставниците по физичко воспитание и спорт  Катерина Мицевска и Горан Велков одигра меѓу општински и регионални натпревари во ракомет за шесто и седмо одделение женски  каде што нашата екипа не беше поразена.

Ова е составот на ракометниот тим:

1.Теона Златковска-VII-3 одд.
2.Ана Ивановска -VI-3 одд.
3.Ана Ангеловска-VII-3 одд.
4.Тамара Стоилковска-VI-1 одд.
5.Ива Алексова- VII-2 одд.
6.Александра Сосиева -VI-4 одд.
7.Сара Петровска- VII-2 одд.
8.Теона Тричковска- VII-2 одд.
9.Ева Стоименовска-VI-3 одд.
10.Љупка Стоиловска-VI-1 одд.
11.Анастасиа Такева-VII-2 одд.
12.Мелани Трајковска VII-1 одд.
13.Јана Попова-VI-1 одд.

Исто така нашите ученици зедоа учество и на државното првенство по атлетика  кое се одржа на 10.05.2019 во Куманово.

1.Деника Спасевска –фрлање ѓуле
2.Елена Ангеловска –трчање 100м и 300м
3.Ана Ангеловска –Трчање 300м
4.Амза ибраимов-трчање 300м
5.Душко Ристовски-трчање 300м
6.Ѓорѓи Димитровски-трчање 300м

Особена чест и задоволство е да се биде најдобар меѓу најдобрите. Нашите ученици оваа учебна 2018/2019 година покажаа и докажаа дека знаењето е најзначајната компонента на нашето образование, со што докажаа и нивните постигнувања на регионалните и државни натпревари по следниве наставни предмети:

УЧЕНИЦИТЕ  УЧЕСТВУВАА И ОСВОИЈА НАГРАДИ  НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ВО СКОПЈЕ ДАТА: 19.04.2019

⦁ Вања Ѓеоргиевска  VI-3 одд – II награда
⦁ Даријан Ефтимов VII-1одд. – II награда
⦁ Елена Ангеловска     IX-1 одд. II – награда
⦁ Јана Попова   VI-1 одд. – II награда
⦁ Антонио Атанасов VI-3  одд. – III награда
⦁ Ана Ивановска VI-3  одд. – нагрда
⦁ Никола Дончевски VI-3  одд. – III награда
⦁ Лука Велков   одд. – VI-3 – III   награда
⦁ Даме Ивановски   одд. – VI-3 одд. III    награда
⦁ Ана Ангеловска      одд. – VII-3 одд. III    награда
⦁ Бојана Георгиевска VI-1   одд. – III награда
⦁ Љупка Стоиловска VI-1   одд. – III награда

УЧЕНИК КОЈ ПОМИНАЛ НА ДРЖАВНИОТ  НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА СО МЕНТОР: МАРИЕЛА ЕФТИМОВА во Скопје на 17.05.2019 год.

Ина Мишева VIII- 4 одделение

Државен натпревар по техничко образование Во Македонска Каменица на 06.04.2019 год.
⦁ I место- Лука Дамјанов (категорија конструкторство)
⦁ II место – Мартин Милчевски ( категорија електроника)
⦁ III место- Давид Ивановски ( применета математика)

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК  Во Скопје на 21.05.2019 год.
⦁ Давид Михаиловски  IX-4 одделение.
⦁ Антонела Николовска V-3 одделение.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“, Во Демир Хисар на 22.10.2018 год.
⦁ Дамјан Маневски VIII-4 одделение

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ МЛАДИ РЕЦИТАТОРИ“ Во Скопје 22.12. 2018 год.
⦁ Филип Георгиевски IX-4 одд.
⦁ Александра Попова IX-4 одд.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА Во Скопје на 11.05.2019 год.
⦁ Јована Мицевска IX- 3 одделение.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ КЕНГУР“,  ќе се одржи на крајот на учебната година.
⦁ Брајан Иванов , V-2 одделение,  кој на Регионалниот натпревар освои I(прво) место.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ
⦁ ДАВИД МИХАИЛОВ – III (трета) – награда
⦁ АНТОНЕЛА НИКОЛОВСКА – III( трета) награда

Еден од најуспешните за оваа учебна година е и натпреварот по Хемија, каде што ученичката Ина Мишева од VIII -4 одделение, ја освои третата награда и се пласираше меѓу првите пет ученици кои ќе учествуваат на преквалификациониот натпревар во Скопје , за учество на мегународната Олимпијада на природни науки кој ќе се одржи во Катар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*