Утре во Делчево ќе се спроведе тактичко-показна вежба во која ќе биде симулирана појава на пожар.
Поради тоа се известуваат граѓаните дека во одреден дел од денот како дел од тактичко-показната вежба ќе биде забележлива појавата на вклучени сирени како резултат на учеството во вежбата на екипи на ТППЕ од Делчево, Итната медицинска помош и делчевската полиција.
Вежбата ќе биде со времетраење од петнаесетина минути и е дел од стандардните процедури за проверка на подготвеноста на одредени институции при евентуална појава на елементарна непогода.
Leave a Reply