Реализирана симулациска вежба за евакуација од пожар во Делчево

Со цел да се изврши проверка на подготвеноста на воспитно-образовните установи, денес во Делчево се одржа симулациска тактичко-показна вежба за евакуација од пожар. Активноста се реализираше во деветолетката „Св.Климент Охридски“, со поддршка на Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска служба и Дирекцијата за заштита и спасување.
 
-Целта на активноста е да ја провериме подготвеноста на училиштето во случај на елементарна непогода. Во оваа вежба имавме еден ученик кој противпожарната служба го симна по скали и друг на кој му пруживме помош со носилка. Со тоа им покажавме на учениците, како треба се делува во случај на вистинска елементарна непогода, истакна Андреа Толевска, дел од волонтерскиот медицински тим кој учествуваше во спроведувањето на оваа акција.
Во симулациската акција за гаснење на пожарот беше вклучено едно возило на ТППЕ Делчево заедно со четворица пожарникари, како и возилото на Брзата помош со доктор и медицинска сестра кои се погрижија за „повредите“ на една од ученичките.
Во оваа вежба беа вклучени сите ученици и вработени, а истата опфати спасување и евакуација на истите од зградата, нивно лоцирање на пунктови поставени на безбедна локација и симулација на спасување и укажување на прва помош на повредени лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*