Се поставува челичната конструкција на првиот пешачки мост во Делчево

Од денеска започна поставувањето на челичната конструкција на првиот пешачки мост кој се гради во Делчево. Како што информираат од општината. челичната конструкција на мостот се поставува во должина од 60 метри.
 
-По овие активности ќе следува крајната фаза за поставувањето на електрика на мостот. Изградбата на првиот пешачкиот мост на река Брегалница во Делчево кој е со распон е од 42 метри и ширина на пешачката патека од 3 метри, треба да заврши до крајот на месец јуни, а градежните работи ги изведува фирмата „Жикол“. Вредноста на електронската аукција е 8,2 милиони денари, информираат од општината.
 
Околу 60 проценти како што додаваат е учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој, а останатите 39 проценти се кофинансирање од Општина Делчево.
 
Пешачкиот мост на река Брегалница ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот и освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево.
 
Покрај овој мост Општина Делчево планира дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции. Реализацијата на овие активности се дел од проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*