Натпревар по прва помош за волонтерите од Делчево

Делчевските волонтери и годинава како дел од годишната програма на Општинската организација на Црвен крст беа активно учесници на општинскиот натпревар во прва помош. Како што истакна претседателката на општинската организација на Црвен крст, на натпреварот учествуваа волонтери од основните и средното училиште од Делчево.

-Денес, 3 јуни се одржа општиснкиот натпревар по прва помош, за волонтерите од основните и средното училиште. Овој натпревар е дел од годишната програма за работа на Црвен крст на Македонија и нашата општинска организација. Младите волонтери како и секогаш успешно се покажаа на овој натпревар, истакна Георгиевска.

Подготвките за овие натпревари како што информираа младите волонтери се реализирале во изминатите 3-4 месеци, а најдобрите ќе земат учество на Државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Битола.

Одржан општински натпревар по прва помош (3 јуни 2019)

Posted by delcevo365.mk on Sunday, June 9, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*