Интервју со Орце Алексов во пресрет на Меѓународниот натпревар помеѓу ФК „Брегалница Делчево“ и TUS Glan-Münchweiler

Во сабота во Делчево ќе се одигра Меѓународен фудбалски натпревар помеѓу екипите на делчевска Брегалница и TuS Glan-Münchweiler. Иницијативата за овој натпревар е на делчевецот Орце Алексов, кој како тренер на екипата од Германија заедно со своите фудбалери реши дел од паузата во тамошното првенство да ја искористат за одигрување на пријателски натпревар со екипата од Делчево.
 
-Во соработка со тренерот на Брегалница, Дејан Михаилов договоривме заеднички натпревар, откако претходно моите фудбалери прифатија да дојдат во еднонеделен престој во Македонија.Ова ми е прва сезона во овој клубот, за кој можам да кажам дека е многу добро организиран. Освен фудбал во состав на клубот егзистира и атлетски клуб. Во фудбалскиот клуб имаме околу 50 играчи. Се натпреваруваме во првенството за регионот на Кајзерслаутерн, каде сме во таканаречената А класа, додека имаме и втора екипа која се натпреварува во Ц класа, вели Алексов.
Алексов во сабота очекува добар натпревар кој во иднина би можел да стане и традиционален.
 
Фудбалерите од Германија во Делчево ќе пристигнат во петок откако ден претходно ќе имаат заедничко разгледување на главниот град. За делчевска Брегалница која се натпреварува во Третата фудбалска лига – Исток и заврши на четвртата позиција, ова ќе биде прв натпревар кој ќе биде одигран со фудбалска екипа од Германија. Натппреварот во сабота на 8 јуни ќе започне во 16:30 часот.

За иницијативата за реализирање на овој натпревар, за кариерата на Орце и за многу други работи поврзани со фудбалот, слушнете нешто повеќе во продолжение од разговорот со нашиот сограѓанин кој веќе 23 години со семејството живее во Германија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*