Дарко Ивановски е момче од Делчево кој околу 15 години живее во Виченца, моментално студира во Падова и е голем вљубеник во природните науки.
Она што Дарко го прави посебен од останатите е големиот број награди кои ги има освоено како средношколец, а како студент неодамна постигна голем успех на Државниот натпревар по математика на кој во Милано го освои второто место. Се работи за натпревар на кој учествувале околу 4000 учесници, а Ивановски се најде меѓу оние кои постигнале најдобри резултати.
Овој пласман на Ивановски му донесе настап на Европското првенство кое наскоро ќе се одржи во Париз.
На Дарко Ивановски му честитаме за 2. место на Државниот натпревар и му посакуваме уште поголем успех на претстојното Европско првенство во Париз.
Leave a Reply