Во завршна фаза поставувањето на атмосферска канализација во дел од населбата Милково Брдо

Во делчевската населба Милково Брдо, во тек е поставување на атмосферска канализација на улица „Григор Прличев”. Поставувањето на атмосферската канализација е во должина од 210 метри, а градежните активности ги извршуваат екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ .

Градоначалникот на општината, Горан Трајковски, кој направи увид во работите истакна дека по завршувањето на овие активности ќе се реши уште еден голем проблем за жителите од оваа улица.

-Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се реши уште едно критично подрачје во населбата Милково Брдо, која важи за големо сливно подрачје и со оваа интервенција ќе се овозможи прибирање на атмосферските води во одводна инсталација и решавање на горливите проблеми на жителите од овој реон и честите поплавувања на подрумите и домовите, вели Трајковски.

Согласно со проектот како што додава Трајковски предвидено е и поставување на придружни објекти, контролни шахти, решетки за прибирање на атмосферските води и сл.

Инвестицијата за изградба на атмосферска канализација е на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*