Делчевската полиција во акција за дарување крв

Во Делчево денес Општинската организација на Црвен крст Делчево организираше крводартителска акција со припадниците на делчевската полиција. Освен припадниците на МВР, во акцијата активно учество зеде и граѓанството, со што, како што истакна Анита Божиновска Петковска од Институтот за трансфузиона медицина, акцијата беше успешно спроведена.
-Граѓаните на Делчево секогаш несебично се вклучуваат во крводарителски акции, еве дури и денес кога оваа акција е наменета за полицијата, нас ни се приклучи и граѓанството. Бројката на крвни единици која беше потребна и предвидена ја реализиравме прилично брзо, за што се заблагодаруваме до сите хумани граѓани и припадници на полицијата кои денес даруваа крв,  истакна Божинова Петковска.
Денешната крводарителска акција воедно е дел и од годишниот план на Полициското одделение од општа надлежност Делчево, чии вработени имаат можност трипати во годината доброволно да даруваат крв. Следната крводарителска акција која е планирана со граѓанството од Делчево, како што информираа од Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општинската организација на Црвен крст Делчево ќе се реализира во првиот четврток од наредниот месец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*