Работилница во Берово: Решавањето на проблемите на младите приоритет за ЕУ

Државата и Европската Унија да се фокусираат на решавање на проблемите на младите со цел да се намали нивниот одлив од Источна Македонија. Ова е клучната порака која евроамбасадорот Самуел Жбогар ја испрати од Малешевијата во рамки на инфо работилницата која делегација на Европската Унија ја одржа во Берово како дел од кампањата „ЕУ за тебе“.
 
-Она што забележуваме е дека младината сака да си замине и тоа е нешто што прво на национално ниво треба соодветно да се третира и да се осврне државата на истото но и стовремено и ние во Европската Унија треба да го разгледаме и да се осврнеме на тој проблем, истакна Жбогар.
 
Раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, се сложи со констатацијата на евроамбасадорот Жбогар потврдувајки дека решавањето на проблемите на младите треба да биде приоритет на Европската унија. Тој од друга страна ја посочи општина Берово како лидер во регионот како општина која има реализирано над 10 проекти преку фондовите на Европската Унија.
 
За градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски истакна дека со пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, Берово ќе може да искористи повеќе од европските средства што ќе биде од огромен бенефит за целата општина.

Во Берово одржана работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ

Во Берово одржана работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ

Posted by delcevo365.mk on Saturday, June 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*