Финишира проектот за отпочнување со работа на Едукативниот центар за безбедност и здравје при работа во ИПР

Денес во Делчево се одржа третата работилница, која што е дел од проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во Источно-планскиот регион. Како што истакна координаторот на проектот Родне Деолска, денешната работилница е заокружување на првата фаза од проектот, која се однесува на финансиското работење во органзизацијата.
 
-Она што финално треба да се донесе на оваа работилница е изработка на прирачник и водич за финансиско работење на организацијата. Тоа е еден формат на водич, кој што генерално го имаат сите невладини организации, меѓутоа за прв пат Регионалниот центар за застапување како имплементирачка организација на проектот, ќе го донесе и ќе го имплементира во овој регион, истакна Деолска.
 
Како дел од овие активности претходно како што додава се одржаа две работилници.
 
-Првата работилница беше за организациска самопроценка, другата беше за раководење со човечки ресурси. Она што понатаму следува е тоа што ќе формираме мрежа за безбедност и здравје при работа, во која што ќе бидат вклучени сите клучни луѓе и клучни институции. Како дел од третата фаза ќе се формира и Едукативен центар за безбедност и здравје при работа, кој што ќе биде наменет за источниот регион со задача да ги генерализира и работи сите прашања кои се поврзани со безбедност и здравје при работа во нашиот регион, дополни Деолска.
 

Проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во ИПР“ е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа. 

ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ – ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ИПР

ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ – ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ИПР

Posted by delcevo365.mk on Friday, June 14, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*