Патот од Виница преку село Бигла се проширува за нови 2 километри

За нови 2.100 метри се проширува регионалниот пат од Виница преку село Бигла. Со цел комплетирање на овој проект од виничка страна, градоначалникот Ивица Димитров успеа да обезбеди уште дополнителни 16 милиони денари од ЈП за државни патишта, со што во текот на овој месец со проширен асфалт се очекува да биде покриен и делот од трасата што остана на потегот помеѓу селата Трсино и Трстија.

-Во моментот се вршат земјените работи во должина од 2.100 метри помеѓу Трсино и Трстија. Како општина успеавме да излобираме уште 16 милиони денари од ЈП за државни патишта, а дел од средствата за овој пат ке покриеме и ние како општина. И овој дел како и останатите 6,5 км ќе бидат проширени од 3 на 5 метри, ќе има банкини од страната и со тоа ние од наша страна го заокружуваме она што го ветивме пред граѓаните . Од село Бигла до село Трстија остануваат уште 3,5 км, но тие се обврска на општина Делчево, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Во септември 2018 година со средства во висина од 62 милиони денари се завршија патот од манастирот “Св Спас“ до пропустот кај село Трстија во должина од 6,5 километри.

Со овие 2.100 метри се очекува да бидат комплетирани вкупно 8.600 метри со асфалт од виничка страна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*