Вечерва во ООУ „Ванчо Прке“ свечена програма за крај на учебната година

Вечерва во организација на деветолетката „Вано Прке“ ќе се одржи завршниот настан по повод крајот на учебната година на кој ќе бидат доделени наградите за учениците од деветто одделение со континуиран одличен успех , како и за учениците кои освоиле награди и постигнале значајни резултати преку своето учество на државни натпревари. Сето тоа како што се вели во официјалната покана ќе биде збогатено со богата културна-уметничка програма во изведба на самите ученици.

„Почитувани ученици, драги наши родители, баби и дедовци на Вашите внучиња, вечерва со почеток во
20 часот, во свечената сала на нашето училиште ” ООУ Ванчо Прке”, Ве покануваме да ја проследите културно-уметничката програма што ја подготвија нашите ученици од петто одделение заедно со нивните наставнички. Воедно вечерва ќе бидат доделени и наградите на нашите ученици од деветто одделение за нивните постигнувања и континуиран одличен успех, како и за сите останати ученици од нашето училиште кои постигнале значајни резултати и учествувале на државни натпревари . Ве очекуваме да бидете наша драгоцена публика и да ја збогатите со Вашето присуство нашата завршна приредба“, се вели во официјалната покана за вечерашниот настан.

Свечената програма по повод крајот на учебната 2018/19 година е закажана за во 20 часот.

Почитувани ученици, драги наши родители, баби и дедовци на Вашите внучиња, вечерва со почеток во 20 часот, во свечената…

Posted by Marijana Stoimenovska on Wednesday, June 19, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*