Започна тридневниот панаѓур во Делчево

Од денес во наредните три дена во близина на градскиот стадион во Делчево се случува панаѓур на текстилни производи, обувки, предмети за домаќинство и останата широко-потрошувачка стока од различен вид. Панаѓурот е на нова локација, поради што трговците стравуваат од слаба посетеност од страна на граѓаните од Делчево и регионот.
 
-Поранешната локација во центарот на градот беше идеална, сега со новата ќе видиме како ќе биде. Граѓаните не се запознаени и можно е продажбата и заработката да биде помала од нашите очекувања, вели Тони Aсановски, панаѓурџија од Скопје.
Карактеристично за панаѓурот, како што вели Ашмед Демо, сопственик на една од тезгите, е тоа што граѓаните можат да купат производи за разни потреби по мошне ниски цени.
 
-Панаѓурот секогаш го организираме на различни места. Одиме низ цела Македонија, во Делчево конкретно сме најмалку три пати во годината. Имаме квалитетна роба за сечиј џеб. Очекуваме да има работа, па ќе видиме како ќе биде овојпат, вели Демо.
Панаѓурот во Делчево се очекува да биде најпосетен од бугарските државјани во текот на утрешниот ден, кога поради пазарниот ден во Делчево тие се меѓу најчестите гости.

Во близина на градскиот стадион започна тридневен панаѓур во Делчево

Во близина на градскиот стадион започна тридневен панаѓур во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, June 21, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*