Германска донација за делчевското комунално претпријатие

Од денеска машинскиот парк на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ Делчево е побогат за уште една машина. Станува збор за современа машина за чистење, која како што истакна директорот на претпријатието Стојче Стојковски, ќе послужи за решавање на честите проблеми кои се јавуваат на канализациската мрежа во градот и населените места.
 
-За прв пат делчевското Јавно претпријатие добива ваква машина, која е од моделот вибра Г-2900 и работи на воден притисок до 200 бари. Машината е наменета е за одзатнување и перење канализациска мрежа со пречник до 250 мм. Со нејзиното ставање во употреба, очекуваме значително да се подобри квалитетот на извршените работи со што за прв пат нашето претпријатие ќе има можност и за перење со воден притисок на канализациската мрежа, истакна Стојковски.
Донацијата како што додаде е резултат на заедничката соработка на претпријатието и германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих.
 
Донацијата од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија е во вредност од 450 илјади денари.

Донација од германската амбасада за делчевското комунално претпријатие

Донација од германската амбасада за делчевското комунално претпријатие

Posted by delcevo365.mk on Thursday, June 27, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*