Пронајдена џиновска печурка во Делчево

Во пределите на планината Голак, денес пронајдена најголемата печурка што некогаш е забележана на подрачјето на Пијанец. Печурката ја пронајде делчевецот Стојан Колев кој е еден од најредовните собирачи на печурки и шумски плодови во делчевско.
 
-Собирам печурки од дете и вакво нешто досега немам забележано. Големината на печурката е подеднакво распоредена и во делот кај нејзината ,,капа”, но и во нејзиниот дел кај коренот, така што тежината од речиси 1 килограм, навистина ме изненади. Редовен собирач сум на печурки и егзистирам од овој занает, вели Колев.
Тежината на најголемата печурка од 950 грама, денес беше потврдена во откупниот центар ,,Фунги Флора”, од каде потврдија дека зе работи за најголемата печурка пронајдена во Пијанец.
 
-Како редовен собирач на печурки се случувало Стојан да пронајде печурки тешки до половина килограм, но денешната дефинитивно е најголемата во Пијанец. Освен оваа печурка, денес тој успеал да пронајде и печурки со нормална големина, така што неговата заработка денес ќе биде доста добра, велат вработените во ,,Фунги Флора”.
 
Во делчевско, сезоната на печурки е во полн ек. Поради дождовите и сонцето, откупувачите велат, дека сезоната ќе потрае уште две недели. Тоа според нив ќе значи можност за нова заработувачка и пронаоѓање на слични примероци, како денешниот гигантски примерок на ,,вргањ” кој беше пронајден во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*