Беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“ добива ново етнолошко катче. Како што информираше директорката на училиштето Наташа Аврамска, во рамки на активностите за разубавување на ентериерот во училиштето, изготвено е етнолошко катче, кое ќе се користи за потребите на деветолетката со почетокот на идната учебна година
– Во периодот од летниот распуст решивме да создадеме етнолошко катче кое ќе биде наменето за потребите на училиштето кое ќе се користи од следната учебна година. Во неговата изработка до завршувањето на училишната година учествуваа сите ученици, а за време на летниот распуст, активноста ја продолживме со сите наставници. Она што е важно, е тоа што континуирано продолжуваме со разубавување на внатрешните простории во нашето училиште, истакна Аврамска.

Активностите за изработка на етнолошкото катче како што дополни, се дел од проектите за интеграција на еколошката едукација на македонскиот образовен систем.
Беровската деветолетка е еден од успешните примери за училиште кое успешно ги имплементира овие проекти. Како резултат на тоа, училиштето годинава по втор пат вброи во еко-училиштатата со статус „зелено знаме“, а деветолетката во повеќе наврати е прогласувано за најчисто училиште во Источно-планскиот регион.
ДЕВЕТОЛЕТКАТА „ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ОД СЕПТЕМВРИ СО НОВО ЕТНОЛОШКО КАТЧЕ
ДЕВЕТОЛЕТКАТА „ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ОД СЕПТЕМВРИ СО НОВО ЕТНОЛОШКО КАТЧЕ
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, July 2, 2019
Leave a Reply