Заврши проектот за приближување на учениците од македонскиот и ромскиот етникум во Делчево

Во Делчево завршија активностите за подобрување на условите во деветолетката „Ванчо Прке“ во делот на меѓуетничката интеграција во образованието. Со целосната имплементација на проектот кој заврши со одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ванчо Прке“, како што истакна заменик директорот на училиштето, Маријана Стоименовска, училиштето има за цел да ги приближи македонскиот и ромскиот етникум кои се составен дел од воспитно-образовниот процес во Делчево.
-Во рамки на овие активности изработен е тријазичен толковник на македонски, англиски и ромски јазик, резговорник кој претставува една нова креативна идеја за заедничко разбирање и комуникација меѓу учениците. Исто така како дел од проектот опремивме кабинет, таканаречен медиотека која располага со современа наставна опрема, која ќе биде можност за информирање и забава помеѓу учениците од двата етникума, истакна Стоименовска.
Овој проект како што додаде се спроведе како дел од програмата на ФООМ „Рано детство и образование“ преку повикот за меѓуетничка интеграција во образовниот систем.
 
Проектот „Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ е финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија, а грантот кој деветолетката „Ванчо Прке“ од Делчево го доби за негова реализација изнесуваше 2700 долари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*