Најмалите го окупираа градскиот базен во Делчево

Горештините кои го зафатија делчевскиот регион масовно го наполнија градскиот базен во Делчево кој денеска беше преполн со посетители кои се разладуваа од топлото време. Сезоната засега задоволува, а како што велат сопствениците, градскиот базен во Делчево најмногу е посетен од помладата популација.

– Градскиот базен е единственото место каде граѓаните на Делчево можат да се разладуваат во летниот период. Најголема посета имаме од најмладата популација. Располагаме со два базени, еден за најмалите и еден за повозрасната популација, така што сметаме дека можеме да овозможиме добри услови за капење на сите оние кои ќе решат летото да го поминат во домашни услови, истакнуваат сопствениците.
За најмалите посетата на базен е одлична можност за забава и усовршување на пливачките вештини.
 
-Одлично е овде, се забавуваме, учиме да пливаме, се дружиме и денот ни поминува во одлична летна атмосфера, велат најмалите посетители кои денес ги затекнавме на градскиот базен.
 
Освен на базен, летото жителите на Делчево го користат и за посета на езерскиот комплекс ,,Сандански”, каде претежно слободното време го користат за еднодневни прошетки и излети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*