Поради асфалтирање можни кратки прекини во сообраќајот на патниот правец Пехчево – Делчево

Поради асфалтирање на дел од патната мрежа, сообраќајот на патниот правец од Делчево кон Пехчево, во близина на село Црник се одвива со изменет дневен режим.
Како што известија, раководните лица на ГД Гранит, измената на режимот на сообраќајот го регулираат вработени во претпријатието, кои ги пренасочуваат возачите кон алтернативни патишта.
-Конкретно денес го асфалтираме делот во близина на село Црник и поради мостот кој се наоѓа во близина и кој е опфатен со асфалтирањето, имавме краткотраен прекин во сообраќајот. За таа цел возилата кои сообраќаат по овој патен правец, се пренасочуваат по блиските земјени патишта. Упатуваме апел до возачите да имаат трпение за време на асфалтирањето и без одобрение, да не се движат по штотуку асфалтираниот пат, бидејки освен што го оштетуваат асфалтот, ги оштетуваат и своите возила, велат од претпријатието.
 
Според планираното,.очекувањата се градежните работи на овој потег до четврток да бидат целосно завршени.
Со завршувањето на овие градежни работи, Пехчево ја подобрува патната инфраструктура, пред претстојниот Фестивал на дувачки оркестри, со што гостите кои се најавени ќе можат да возат по целосно реконструирана сообраќајница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*