Започна обележувањето на првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион

ПСК ,,Голак” Делчево ја почна првата етапа за обележување на планинарската-трансверзала (национална патека) во Брегалничкиот регион, финансирана од Федерација за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот а одобрена од Министерството за животна средина.

Првата етапа како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак” е завршена со чистење и маркирање на патеката.

-Сето тоа е направено по Књефелцовата маркација од населбата Расадник (Делчево) се до спортските терени на Голак, односно 1/5 од патеката која е долга 63 км.нПатеката е многу добро маркирана по која ќе можат да се движат и почетници, истакна Чучуковски.

Додаде дека во наредниот период патеката ќе биде завршена во потполност, односно обележувањето ќе продолжи од спортските терени на Голак – Врв Чавка – Врв Мала Чавка – село Трсино – Село Крушево – Село Драгобрашта – Село Блатец – Врв Чупино – Врв Мал Бел Камен – Врв Лисец – Село Градец (над градот Виница).

Кога ќе бидат готови патоказите и инфо-таблите истите ќе бидат поставени на патеката.

Со оваа прва планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион се очекува да се збогати туристичката понуда не само во Делчево, туку и во целиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*