Изгореа два стана во социјалната зграда во Берово. Станува збор за повеќечлени семејства со мали дечиња од Берово кои моментално се без место на живеење.
Според очевидци глетката била страшна за време на гаснењето на пожарот. Само пожртвуваноста на беровските полициски службеници и пожарникарите спречиле поголема катастрофа.
Сосетка на унесреќените семејства вели дека моментално едното од семејствата е сместено во плевна, додека второто семејство по пожарот не им останало ниту едно ќебе за да се покријат во текот на ноќта.
Повеќе детали ќе соопштиме во текот на утрешниот ден!
Во Берово изгореа два стана во социјалната зграда. Потребна помош за семејствата со мали дечиња
Во Берово изгореа два стана во социјалната зграда. Потребна помош за семејствата со мали дечиња
Posted by delcevo365.mk on Monday, July 29, 2019
Leave a Reply