Започна со работа првата летна школа по Македонистика во Делчево

Во организација на Меѓународниот центар на македонската дијаспора „Нова Зора“ од Делчево, започна реализацијата на проектот за часови по Македонистика за деца до 16 годишна возраст од дијаспората, кои што се привремено во посета на нашиот град и регион. Како што информираше Кирчо Настасов, ова е прв ваков проект кој здружението „Нова Зора“ го реализира со иселениците од Пијанец.
 
-Овој проект ни е прв проект кој започнува да се реализира и планираме да прерасне како традиција во Делчево со еден апел оваа наша активност да се прошири и во другите места и во околните градови каде што веруваме дека ќе наиде на одзив од тамошните луѓе во дијаспората, вели Анастасов.
Часовите за сите заинтересирани ќе бидат бесплатни, а кабинетот по македонистика ќе работи секој ден од 10 до 16 часот.
 
-Во рамки на часовите имаме ангажирано стручно лице по Македонски јазик и литература кое што ќе дава часови по македонски јазик, по граматика на македонскиот јазик, ќе се изучуваат македонски автори од различен временски период кои дале свој допринос во развојот на македонската литературен јазик, како и други теми кои се од интерес на младите од дијаспората, додава Анастасов.
 
Како дел од овој проект младите иселеници, како што додаваат од здружението ќе можат да се запознаат со културно историското наследство на Делчево, овдешниот фолклор како и традициите кои се карактеристични за Пијанечкиот крај.

Започна со работа првата летна школа по Македонистика во Делчево

Започна со работа првата летна школа по Македонистика во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, July 31, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*