Ѕвегорци го слават „Св.Илија“

Во село Ѕвегор на падините пред манастирот „Св.Илија“, денес се славеше Илинден, ден кој покрај тоа што е еден од најголемите македонски празници е и соборен ден во селото. Црковниот одбор организираше богата културно-уметничка програма за овој ден со настап на Фолклорната група „Копачка“, младите играорци од културно-уметничкото друштво Никола Јонков Вапцаров, солисти од Делчево, како и гости од селото Логодаж Република Бугарија. Настанот, како што истакна свештеникот Димитар Темелков, започна со црковна литургија.

-Од утрото отслуживме света литургија по повод празникот Илинден овде во манастирот. Граѓаните редовно овде без разлика на денот дали ручекот ќе биде мрсно или посно, доаѓаат заради нивното молитвено поздравување со посетување на храмот и дружењето меѓу самите нив. Празникот се совпаѓа со три празнувања и „Св.Илија“ и Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ и ослободувањето на македонскиот народ. Свети Илија да им дарува на сите здравје, мир, благосостојба и в години да се видуваме, поздрави и повесели. За многу години на сите, истакна Темелков.

Дел од посетителите ја посетија и блиската чешма од која си наполнија вода.

-Чешмичката е убава, секој да дојде да се прекрсти, да си наполни вода, да се напие од неа. Тука сме од Ѕвегор и често доаѓаме овде да си наполниме вода, вели жителка на селото.

На соборот во Ѕвегор дојдоа и Габровци.

-Ние сме од село Габрово и денес им го честитаме празикот прво на жителите од Ѕвегор, а потоа и на целиот македонски народ, бидејки денес е празник на сите Македонци, истакнаа позвозрасни жители на Габрово.

За историјатот на манастирот  и плановите за доизградба на помошни објекти ни раскажа Љупчо Николовски, кој е дел од црковниот одбор во селото.

-Манастирот е почнат од 1991 година, секоја година по малку се доградува, имаме уште многу работи за доградба. Имаме парична помош од нашинци од Пвајцарија. Во план сме да направиме трем за да се заштитиме од сонцето. инаку овде доаѓаме трипати годишно, но најмногу на Илинден, вели Николовски.

За манастирскиот ручек готвачите подготвија посно гравче со риба.

-Ние сме од составот на црковниот одбор во село Ѕвегор. Имме за задача да ја подготвиме рибата, ја размрзнуваме, ја кроиме на два дела и може да кажеме дека тајната е во зачините и во подготовката. Имаме 8 котли со посен грав и од 600 до 800 парчиња риба кои мислиме дека ќе бидат доволни за посетителите, истакна Ванчо Довичински, готвач кој 15 години учествува во подготвување на манастирски ручек.

Во Ѕвегор на Илинден нормално присутни беа и иселениците. Ги запрашавме колку помагаат за доизградба на манастирот.

-Јас сум Дејан Новоселски и сакам да им го честитам Илинден на сите Македонци. Ние живееме по странсто и гледаме секоја година да ја одржиме традицијата. Оваа година дадовме основни средства да се изгради тремот. Колку моѓеме и таму организираме турнири во мал фудбал со хуманитарна цел со цел да изградиме трем и да биде поубаво во црквата. Инаку и во странство убаво се живее но каменот си тежи на своето место, истакна младиот Дејан Новоселски.

На соборот имаше гости и од бугарското село Логодаж.

-Јас сум Веселина Бојчева, имам 81 година, од село Логодаж често идеме овде и сме многу задоволни од пречекот. Го благословувам Делчо Гошев кој е организатор секоја година, истакна баба Веселина Бојчева.

Откако гостите вкусија од прекрасното гравче и уште повкусната риба, пред манастирот се одигра уште еднаш Копачката, а прославата на Илинден Ѕвегорци ја продолжуват во своите домови.

Во продолжение обезбедивме изјави од присутните, а за кратко ќе биде достапно и видеото со дел од настапите на денешните учесници во културно-уметничката програма.

Кај манастирот Св.Илија во село Ѕвегор се слави соборниот ден

Posted by delcevo365.mk on Friday, August 2, 2019

Од општонародната прослава за Илинден во Ѕвегор

Posted by delcevo365.mk on Friday, August 2, 2019

ИЗВЕДБА НА КОПАЧКАТА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН КАЈ МАНАСТИРОТ СВ.ИЛИЈА ВО ЅВЕГОР

ИЗВЕДБА НА КОПАЧКАТА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН КАЈ МАНАСТИРОТ СВ.ИЛИЈА ВО ЅВЕГОР

Posted by delcevo365.mk on Friday, August 2, 2019

ОД НАСТАПОТ НА МИРКО СИМОНОВСКИ ВО ЅВЕГОР

ОД НАСТАПОТ НА МИРКО СИМОНОВСКИ ВО ЅВЕГОР

Posted by delcevo365.mk on Friday, August 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*