Видео: Одржана 10-тата иселеничка средба во село Град

Во делчевското село Град во рамки на 10-тата по ред Иселеничка средба, синоќа се собра „и старо и младо“ и сите заеднички се потсетија на времињата пред 20 и повеќе години, време кога во селото често се правеа свадби и се организираа игранки. Во својата изјава иселеникот Благојчо Илиевски со носталгија раскажа за сите карактеристики по кои сите го знаат село Град.

-Вечерва по 10-пат се одржува 10 тата иселеничка средба, која не изумира и нема да изумре. Средбата е организирана од иселениците, пријателите, нашите сограѓани и сите пријатели. Селото Град е сместено во Пијанечката котлина, под планината Влаина. Селото е познато по нашата голема тврдина која ние ја викаме „скалата”, во која се пронајдени ѕидини од римско време. Во село Град поминува реката Пијавица, која извира од планината Обел и се влева во реката Брегалница. Во околината на село Град има многу остатоци од римско време, пештери, извори, водопади и многу други работи. Отспротива е планината Голак, а од левата страна се Малешевските планини. Селото Град е сместено со убав прекрасен поглед, брои некаде околу 250 куќи и повеќе, изобилува со многу чешми, со вода од сегде, значи секое маало има своја чешма, изобилува со природни убавини, водопади и како што гледате Калето е украс на селото. Тука е и паркот за младите деца кои овде дали во лето или зиме доаѓаат и уживаат. Овде од село Град не има многу Македонци, сограѓани кои го посетуваат родното село секое лето и зима. Сите оние кои не се присутни им посакувам се најдобро, рече Илиевски, потсетувајки се на убавините на своето родно место.Иселеничката средба започна се разбира со оро во изведба на кумовите на годинешената 10-та по ред Иселеничка средба. Потоа кон орото се приклучија и најмладите, па така селото навистина наликуваше на најубавите времиња кои село Град ги памети.

Како дел од традицијата на Иселеничката средба со кршење лепче со паричка, се одбра и кумот за наредната година. Честа да бидат кумови на 11-тата Иселеничка средба им припадна на младите Илија и Светлана Кацарски. Поведувајки го орото новите кумови ја продолжија веселбата која траеше до доцните ноќни часови.

Еве како тоа изгледаше:

Во село Град се одржа 10-тата иселеничка средба

Во село Град се одржа 10-тата иселеничка средба

Posted by delcevo365.mk on Monday, August 5, 2019

Изведба на Малешевско оро – Иселеничка средба во село Град

Изведба на Малешевско оро – Иселеничка средба во село Град

Posted by delcevo365.mk on Sunday, August 4, 2019

 

 

 

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*