В четврток крводарителска акција во Делчево

В четврток хуманите граѓани од делчевскиот регион повторно ќе имаат можност да даруваат крв. Акцијата е дел од редовните активности на Општинската организација на Црвен крст од Делчево.

Истата е закажана за во просториите на Општинската организација на Црвен крст и ќе трае од 9:30 до 13:30 часот.
Одлична можност по пауза од три месеци редовните крводарители повторно да ја испружат раката и да донираат од животворната течност.
Исто така отворена покана и до оние кои отскогаш сакале да го почувствуваат чувството како е да се дарува крв.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*