Во Берово започнува „Етно Плоштад Фестивал 2019“

Со концертот на Влатко Стефановски, вечерва стартува еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион. За таа цел општината најавува одлична забава со ренонираните музички имиња кои од вечерва 23 август до вторник 27 август 2019 година ќе настапат на реномираната музичка манифестација.

 

Во рамки на фестивалот ќе настапат:

  • Петок, 23 август 2019 – Влатко Стефановски, Горан Алачки и Етно Малеш, DJ Sene;
  • Сабота, 24 август 2019 – Синтезис, 2 Бона, Тхе Штекица;
  • Недела, 25 август 2019 – Влатко Лозановски-Лозано, Евто Пупиновски, Горан Алачки и Етно Малеш, Кико и Столе;
  • Понеделник 26 август 2019 – Бени и Нон Стоп, Малешевско Ѕвонче, Escape Band;
  • Вторник 27 август 2019 – Џенан Лончаревич, Two Mothers Brothers, Ангел и Иван

Генерален спонзор на фестивалот е општествено одговорна компанија ЗЕГИН.

Во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, можете да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично.

Несомнено е дека од 23-ти до 27-ми август Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*