Се подобруваат условите за спорт во деветолетката Дедо Иљо Малешевски во Берово. Заради избегнување на повреди за време на часовите по спорт и спортски активности, како што информираше директорката Наташа Аврамска во тек е гумирање на подлогата на спортскиот терен во кругот на училиштето.
-Знаеме дека спортот е потребно да ни биде навика за здраво тело и здрав дух на самите ученици. Водиме грижа за безбедноста на учениците. Понекогаш нашето искуство и искуството при спортување на учениците може да заврши и со повреди, затоа одлучивме спортските терени во кругот на училиштето да ги гумираме. Кога сме во делот на спорт и спортски активности, претходно ги оградивме спортските терени во подрачните училишта во Двориште и Митрашинци, додека претходно во учичиштето во Берово целосно беа реновирани соблекувалните, истакна Аврамска.
Освен оваа активност се врши замена на кровот, со што како што дополни Аврамска, старите азбестни керамиди ќе станат минато.
-Паралалелно се заменува и фасадата со што училиштето ќе добие нова енергетска фасада со што училиштето ќе добие сосем нов лик. Во рамки на активностите претходно беа поставени и фотоволтаични системи со што училиштето ќе има огромен бенефит преку заштеда на средства. Се работи и во внатрешниот простор. Во моментот се вршат молеро-фарбачки работи, а се заменува и стариот мебел на вработените, сите ученици од одделенска настава во Берово и подрачните училишта ќе добијат нови шкафчиња, а првачињата ќе добијат нови клупи и столови. Претходно во училиштето работевме на реконструкција на тоалетите и санитарните чворови, информира Аврамска.
Училиштето исто така како што додава е едно од најдобрите кога е во прашање реализацијата на европските проекти .
Вкупната сума за повеќето инвестиции изнесува 20 милиони денари, кои како што додаде Аврамска, се обезбедени благодарение на домаќинското работење на училиштето во изминатите неколку години.
Инфраструктурни активности во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски" за успешен старт на новата учебна година
Posted by delcevo365.mk on Saturday, August 17, 2019
Leave a Reply