Во најава промоцијата на делото „Зад твојот сон“ од Васил Маневски

Во организација на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ и ЈЛБ „Илинден“ Делчево во вторник, 27 август 2019 година, со почеток во 19 часот во фоајето на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи промоција на најновото дело на роднокрајниот автор Васил Маневски – „Зад твојот сон“.

Промотор на делото ќе биде афористичарот Миле Ѓорѓијоски, специјален гостин Александра Бетинска, додека во улога на конференсие се јавува Родне Деолска.

Настанот ќе биде збогатен со голем број содржини кои ќе ги дознаете доколку бидете дел од промоцијата на делото на Маневски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*