Во тек јавен повик за учество во програмата Општинско-корисна работа

Во Делчево во тек е јавниот повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа за проектот кој годинава е насловен “Подадена рака”. Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево најдоцна до 30 август 2019 година, од 07:30 до 15:30 часот.
 
Јавниот повик се објавува врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка. 
Повикот важи за сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата и се однесува за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.
 
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
 
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
 
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
 
Повеќе информации за повикот на следниот линк

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*