Од виничка страна заврши асфалтирањето на патот преку Бигла до Делчево

Екипи на Македонија пат со последните тури асфалт го завршија регионалниот пат за Делчево преку с.Бигла со нови 2 100 метри асфалт со што оваа делница од виничка страна е комплетно завршена во вкупна должина од 8600 метри.

– Со голем ангажман од моја страна, успеавме во краток временски период да ги завршиме и овие 2100 метри од регионалниот пат преку с.Бигла за Делчево и Бугарија, поточно од село Трсино до село Трстија, како општина обезбедивме дополнителни 16 милиони денари од Јавното претпријатие за државни патишта, патот е проширњен од 3-5 метри, така да ние како општина Виница јго заокружуваме овој значаен проект за жителите на овие населени места, но и воопшто оваа е регионална делница низ која сообраќа цел источен регион и пошироко, така да реконструкцијата на овие 2100 метри, и на претходните 6,5 км е фактор кој е битен во развојот на целокупниот регион, изјави градоначалникот Ивица Димитров.

Сега како незавршена останува обврската на општина Делчево за докомплетирање на 3,5 километри од овој пат кој продолжува од село Трстија до село Бигла.

Минатата година во септември беа завршени 6,5 км од овој регионален пат од манастирот “Св.Спас “ до пропустот кај село Трстија, за што беа обезбедени средства во висина од 62 милиони денари, а изведувач на градежните работи е ЈП ,,Македонија пат“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*