Заврши младинскиот ракометен ,,Делчево Куп 2019″

Заврши вториот ракометен турнир ,,Делчево Куп 2019″. Во машка конкуренција првото место му припадна на РК ,,Вардар”, кој во финалето беше подобар од Астраион од Струмица, додека третото место му припадна на РК ,,Делчево”, кој во малото финале го совлада РК Радовиш.

Според Горан Велков, тренер на домашната екипа, турнирот ги оправда очекувањата, бидејки екипите учесници одиграле квалитетни натпревари.

-Освен во машка на турнирот настапија и младински екипи во женска конкуренција. На овие натпревари во борбата за златниот медал ЖРК ,,Овче Поле” беше подобра од ЖРК Делчево. Третото место и припадна на екипата на ЖРК ,,Струма” од Струмица која ја совлада екипата на ,,Брегалница плус”. Се заблагодаруваме на сите учесници, кои не почестија со нивното присуство и го збогатија турнирот со навистина врвен ракомет, истакна Велков.

Се надева дека овој турнир ќе прерасне во традиција и секоја година ќе биде се помасовен, а на него ќе учествуваат екипи и од соседните држави и пошироко.

Турнирот го организираше РК ,,Делчево”, под покровителство на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*