Злато и бронза за Стаменковски од Стрит воркаут турнирот во Пула

Учеството на Меѓународниот Стрит воркаут (Street workout) турнир кој изминатиот викенд се одржа во Пула, Хрватска, на каменичанецот Бошко Стаменковски му донесе два нови успеси. Трето место и бронзен медал Стаменковски освои во дусциплината ,,чучањ” со 60 кг, додека натпреварувањето во ,,склекови” му го донесе златниот медал. Како што информираше Стаменковски тој на овој турнир настапи како дел од тимот на Чемпионс Хаус.

-На ова натпреварување во Пула, настапив во четири дисциплини и то во дисциплините ,,пропаѓања”, ,,пропаѓања со 48 кг”, ,,склекови” и ,,седнувања со 60 кг”. Задоволен сум од резултатот имајки ги предвид подготовките кои ги имав со тимот со кој настапив. Задоволството е уште поголемо, ако се знае дека на турнирот учествуваа најдобрите натпреварувачи во овој спорт, истакна Стаменковски.

Турнирот во Пула се одржа по седми пат, а на истиот учествуваа натпреварувачи во Стрит воркаут од целиот Балкан.

По ова натпреварување Стаменковски се подготвува за настап на Светското првенство во пауер-лифтинг и бенч-прес кое од 20 до 25 септември ќе се одржи во Атланта, САД. Стаменковски досега има освоено три златни медали на Светските шампионати и тоа во Лас Вегас, САД во 2015 година, на Светското првенство во Србија во 2016 година каде имаше потставен нов светски рекорд до 67,5 кг во категорија ветерани, и во Чешка во 2018 година, исто така со поставен нов светски рекорд до 67,5 килограми во категорија ветерани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*