В среда ќе се свират серенади во киносалата во Делчево

По концертот на Пејачката група „Ѓурѓа“, Оркестарот „Делчевски еснафи“ и Градскиот хор од Штип, утревечер, среда 11 септември 2019 година, со настанот ,,Вечер на серенада”, продолжуваат културните збиднувања во Делчево. Како што информираше директорот Методи Толевски, на настанот ќе настапат староградски групи од Делчево, Виница, Берово и од градот Гоце Делчев, Р Бугарија.

-После концертот кој го одржавме по повод Денот на ослободувањето на Делчево, оваа среда организираме „Вечер на серенада“, кога во киносалата покрај домаќините Пејачка група „Ѓурѓа“ и оркестар „Делчевски еснафи“, ни гостуваат и групата „Беровски тамбураши“ од Берово, група „Мелем“ од Виница и група „Неврокоп“ од Гоце Делчев, Република Бугарија. Се надеваме дека публиката ќе присуствува во голем број и ќе се потсети на староградските песни и серенадите, кои во минатото беа доста популарни во овој крај, истакна Толевски.

Националната установа Центар за култура – Никола Јонков Вапцаров од Делчево, настанот го реализира под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со општина Делчево.

Почетокот на настанот е во 20:00 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*