Нови лектири за дечињата од подрачното училиште во село Габрово

Со посета на делчевската библиотека од страна на учениците и наставниците од подрчаното училиште во село Габрово, продолжува соработката помеѓу Јавната локална библиотека „Илинден“ и деветолетката „Ванчо Прке“ од Делчево. Во насока на успешен старт на учебната година од страна на библиотеката, како што информираше директорката Билјана Петровска,  дечињата од подрачното училиште во Габрово на подарок добија нови лектири.

-На наше огромно задоволство утрово наши гости се децата од ПУ во Габрово. Тие се запознаа со тоа како изгледа една библиотека на кој начин функционира и со какви книги располага библиотеката. Затоа што во училиштето во Габрово,нема нови лектири,учениците читаат од стари и оштетени лектири, сите учениции како подарок од библиотеката добија нови лектири, истакна Петровска.

Заменик директорката на ООУ „Ванчо Прке“ изрази огромно задоволство од денешната посета на библиотеката.

-Изразувам голема благодарност на директорката и вработените во библиотеката, што знаат секогаш со голем ентузијазам да ја отворат вратата на библиотеката за нас и нашите ученици. Доказ за тоа е се поголемиот број на нови читатели кои секоја година ги бележи библиотеката. Пресреќни што новата учебна година ни ја честитаа со подарок нови лектири, и упатуваме едно огромно благодарам за приемот и денешното дружење во билбиотеката, истакна Стоименовска.

Од библиотеката најавија дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

Нови лектири за дечињата од подрачното училиште во село Габрово

Нови лектири за дечињата од подрачното училиште во село Габрово

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, September 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*