Се врати староградската музика во Делчево

Популарните серенади кои биле изведувани пред повеќе години во Делчевско, со настап на неколку групи и оркестри од Македонија и Бугарија, синоќа во Делчево на голема врата се вратија меѓу љубителите на староградскатамузика. Според музикологот и професор по музичка култура, Слободан Илиоски, серенадите се карактеристични и денес, но во помал обем и ги практикуваат одредена група луѓе.
 
-Поимот серенада е од дамнешни времиња, луѓето се собирале и музицирале во друштва, ергените оделе да им пеат на момите љубовни песни, таканаречени серенади, се собирале друштва за одредени слави и празници да се дружат и останало тоа од секогаш. Исто така дружењето кога се собираме спонтано и си свириме е наречено серенада, вели Илиоски.
Настанот наречен „Вечер на серенада“ го организираше Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, а годинава, како што информираше директорот Методи Толевски доби поддршка од Министерството за култура.
 
-Имавме настап на повеќе групи и оркестри. Настапија група „Мелем“ од Виница, ни гостуваа „Беровските тамбураши“ , имавме гостување на група „Неврокоп“ од град Гоце Делчев, Република Бугарија, а секако тука беа и Пејачката група „Ѓурѓа“ од Делчево, со оркестарот „Делчевски Еснафи“ и вокалот Кире Цоневски. Сите тие се претставија со неколку композиции карактеристични за македонската музика, секако со акцент на серенадата. На задоволство на публиката имавме можност да чуеме и новокомпонирана македонска песна, која е особено популарна кај љубителите на различниот жанр на музика. Се надевам дека ваквите музички вечери ќе продолжат и во иднина, а со тоа ќе продолжи и традицијата на негување на она што се нарекува македонска музика, во било каква форма и од било кој вид, истакна Толевски.
Како дел од настанот, музичката традицијата која во Берово е стара преку 40 години ја претставија „Беровските тамбураши“.
 
-Би сакал да му се забалгодарам на колегата од Делчево, што не покани на оваа убава манифестација. Ова е е една голема традиција која со староградскиот оркестар, трае веќе 40 години. Овие две години како „Беровски тамбураши“ веќе имаме неколку гостувања надвор од републиката. И благодарам на делчевската публика, што бевме добро примени и се надевам дека ќе продолжиме со ист жар и со иста работа, истакна Ѕвонко Скендерски, раководител на староградскиот оркестарот кој настапува како дел од домот за култура Димитар Беровски од Берово.
Посебно воодушевување меѓу присутните на таканаречената „Вечер на серенада“ предизвика настапот на група „Неврокоп“ од Гоце Делчев, Република Бугарија, која веќе 8 години музицира заедно.
 
-Да ви кажам право, беше толку добро, се радуваме што бевме поканети од директорот и самата публика, гостите не примија како нивни музичари. Од името на оркестарот благодариме за убавата културна публика. Инаку, ние како група постоиме 8 години и продолжуваме со вакви настапи онаму каде ќе не поканат, истакна Пeтар Воденов, член на групата кој не пропушти да се забалагодари на присутните за добриот прием.
За прв пат свое појавување на Вечер на серенада имаше и оркестар Мелем од Виница кои, како што информираше Доне Јангелов, се претставија со музика претставена со повеќе музички инструменти.
 
-За прв пат учествуваме со задоволство го прифативме предлогот да настапиме. Инаку свириме веќе 20 години настапуваме како во Македонија, така ви во странство, вели Јангелов.
Ваквата музичка дружба помеѓу музичарите, како што најави Горан Огнановски, директорот на Културно-информативниот центар „Романса“, многу скоро би моѓела да се најде и на репертоарот како културната понуда во Македонска Каменица.
 
-На покана на директорот од Делчево сме гости и можам да кажам дека е прекрасна вечер, изненаден сум од овој настан, се надевам дека ваков и сличен настан ќе направиме и во Македонска Каменица. Нешто слично вакво не очекува наскоро кога во Македонска Каменица ќе продефилира караванот на фестивалот Истибањско здравоживо, при што ќе имаме прилика да бидеме домаќини на многу фолклористи како од Македонија така и од странство, истакна Огнановски.
Претходно Вечер на серенада во Делчево се одржа по повод 75 години од ослободувањето на Делчево. Од установата најавија уште повеќе вакви музички задоволства за публиката која покажа дека знае што е добра музика и со бурен аплауз ги поздрави присутните.

Се врати староградската музика во Делчево

Се врати староградската музика во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, September 12, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*