Се подготвува традиционалната ,,Сливијада”

Започна пријавувањето за традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата“, која има за цел, промоција на Пијанечкиот бренд – сина слива, а ќе се одржи на 20 септември во Делчево.

Како што информираа од општина Делчево, во рамките на јавниот настан, ќе биде прикажан начинот на подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за Пијанечкиот крај.

-На едно место на отворено во рамки на овој настан, во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова ракија, ќе се подготвува мармалад, слатко компот и бели пецива со производи од сливи. Во рамки на централниот настан е предвиден натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела”. На штандовите ќе се изложат традиционалните производи, подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место, истакнаа од општината.

За најдобрите учесници, предвидени се парични награди.

-Ќе се доделат две награди за највесела ракија, прва награда во висина од 6 илјади денари и втора награда во износ од 4.000 денари. Исто така, планирани се и две награди за најсладок мармалад во износ од 2 илјади денари и илјада денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од три илјади денари, додадоа од Општината.

Од таму ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите најдоцна до 18 септември. Централниот настан ќе се одржи на 20 септември 2019 година, на платото пред Спомен дом АСНОМ со почеток во 12 часот.

За повеќе информации за настанот и начинот на пријавување кликни овде!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*