Подобрувањето на патната инфраструктура тема на прес конференција на претседателот на СДСМ, Делчево

Интегрално ви ја пренесуваме прес-конференцијата која денес ја одржа претседателот на Општинската организација на СДСМ, Делчево, Влатко Величковски.

……………………………………………………………………

Почитувани сограѓани

Зборот важи

Продолжува изградбата на патната инфраструктура во државата, а особено во Источниот регион кој со години беше заборавен.

Кај нас во Делчево конечно решен децениски проблем. Рехабилитиран е транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево.

Како што ветивме за 30-тина дена од започнувањето на предвидените активности, завршена е рехабилитација на двата коловоза, од делот кај бензиската во Делчево до клучката за регионалните патишта за Берово и Граничен премин со вкупна должина од 3,5 км. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП „Гранит“. Вкупната вредност на проектот е 32.464.582 денари.
 
Мора да потенцираме дека овој булевар кој претставува доста фреквентна сообраќајница во Делчево, комплетно се рехабилитираше, за прв пат од како е направен.
 
Претходно беа рехабилитирани и 5 км од патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин, како и најкритичниот дел од патниот правец Делчево- Пехчево во должина од 11 км. Двата проекти се реализираат преку ЈПДП со проект од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 км на регионалниот пат Берово-Виница во должина од 11 км. Вкупниот буџет за овие три инфраструктурни проектие 3,3 милиони евра.
Инфрастфруктурната инвазија продолжува секаде, за изградба на патна инфраструктура Владата инвестира 850 милиони евра.
Патната инфраструктура и во Делчево се гради како никогаш досега. Граѓаните ќе добијат квалитетни сообраќајници и патишта, како што и доликува на една европска држава.
Градиме квалитетна и безбедна инфраструктура. Градиме за идните генерации.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*