Се зајакнува спортскиот дух меѓу пензионерите од Делчево

Третото доба е период кога вообичаено пензионерите целосно се опуштаат во најубавиот дел од животот и уживаат во благодатта на спокојството, кое го имаат на располагање. Но, дали е така и за оние пензионери со силно развиен спортски дух. Желбата за натпревар и победа е карактеристика на 82-годишната Станојка Петровска од Делчево, пензионерка која од 1998 година се натпреварува во повеќе спортски дисциплини, на натпреварите организирани ширум државата. Иако е меѓу повозрасните во години, откако годинава беше најдобра во табла во Источниот регион, таа пред неколку дена зеде учество на Државниот натпревар за пензионери кој се одржа во Радовиш. За Петровска претставува успех, што од осумте најдобри пензионеритe од сите региони, успеа да заврши на 4-тото место.
 
-Јас сум пензионерка од 1993 година, а во спортските активности се вклучив во 1998 година. Најпрво, учествував во дисциплината тегнење јаже, па потоа во брзо одење, а од пред неколку години учествувам во табла, натпревар кој е карактеристичен за мажите, но јас иако сум пензионерка, неколку години по ред, во ова натпреварување, имам освоено голам број на златни, сребрени и бронзени медали. Оваа година освоив 4 место, но сум задоволна, бидејки, со 83 години, бев меѓу највозрасните учесници на спортските игри, вели Петровска.
Делчевки, годинава беа најдобри во екипна конкуренција во пикадо. Како долгогодишен учесник на овие натревари е и пензионерката Снежана Спасевска.
 
-Играм пикадо долги години, сум била Републички првак поединечно, а имам освојувано и сребрени и бронзени медали. Задоволна сум од натпреварувањето во Радовиш, бидејки од осум екипи го освоивме третото место, што според мене е задоволувачки резултат. Третото место и бронзениот медал го освоивме заедно со моите колешки Стаменковска Цвета, Џабирска Цвета и Тимка Стојковска, кои исто така долги години се натпреваруваат, истакна Спасевска.
Една од учесничките која ја навршува петнаесеттата година од пенизонерскиот живот е делчевката Вера Милева. Годинава заедно со уште три свои колешки, заедно го освоија златото, во фудбалската дисциплина-шутирање на мали голчиња.
 
-Јас сум Милева Вера и сум пензионер веќе 15 години. Во пензионерските спортски активности се вклучив пред три-четири години. Во рамки на досегашните настапи на Регионално ниво, имаме освојувано на двапати први места, а сега во Радовиш освоивме и прво место на Државниот натпревар. Во екипата сме четири натпреварувачки, Велевска Станка, Блашка Митевска, Стојчевска Валентина и Јас. За мене како пензионер, спортот значи да се дружиш, да одиш на разни места, да не бидеш дома затворен, со еден збор убаво е, вели Милева.
Овие успеси на пензионерите, како што вели Војо Мишевски, Претседателот на комисијата за спорт, можат да ги постигнат пензионери, кои покрај физички и ментално се подготвени за учество во истите.
 
-Јас сум пензионер веќе 10 години, Во моментот сум претседател на Комисијата за спорт при Здружението на пензионери од Делчево. Во врска со успехот на екипите, можам да кажам дека тој се должи пред се, на редовни тренизни, а покрај редовните трнеинзи се работи за луѓе што се психички спремни да се натпреваруваат и победуваат. Како претседател, ќе се трудиме во иднина да имаме што повеќе вакви успеси, да имаме што повеќе вакви екипи, кои ќе учествуваат на регионални натпревари, а со тоа да освојуваме први места, со кои потоа ќе учествуваме и на Републичките натпревари. Гледам дека во раководството на Здружението на пензионери, има интерес да му посвети поголемо внимание на спортот и тоа ме радува. Во иднина, како што реков, ќе се потрудиме да земеме што повеќе медали, вели Мишевски.
Задоволството од сите овие резултати е најголемо кај претседателката на Здружението Голубинка Анастасовска, која вели дека, чувството да се учествува и победува на тие натпревар,и не може да се опише со зборови.
 
-Навистина чувтсвото за учество на таков натпревар е навистина премногу големо, бидејки учествуваат, најдобрите екипи од вкупно 8 региони во Македонија, со вкупно 80 натпреварувачи од цела држава и затоа за нас, тоа е чувство кое е неописливо и треба да се доживее.Секако дека сме задоволни од резултатите што ги постигнавме на 24-тите спортски игри што се одржаа во Радовиш. На овие натпревари учествувавме во две групни екипи, екипа жени фудбал во шутирање пенали на мали голчиња и женска екипа во пикадо. Исто така, имавме и наша претставничка на натпреварот во табла. Во овие натпревари, од вкупно 8 екипи од цела Македонија, во шутирање пенали освоивме прво место, додека трето место освоивме во пикадо во женска конкуренција. Нашиот натпреварувач во табла беше четвртопласиран, но имајки во предвид дека се натпреваруваше со 8 натпреварувачи од цела држава и тоа е одличен успех, истакна Анастасовска.
Претседателката на делчевското Здружение на пензионери, најави уште поголема активност на спортски план, но и активности во делот на културата.
 
-Во однос на спортот ќе продолжиме да создаваме екипи во спортови, во кои не учествуваме на Регионалните игри, значи во сите спортови сакаме да имаме екипи, од кои ќе очекуваме одлични резултати. Исто така, започнуваме активности и на полето на културата. Сакаме да формираме музичка група и да имаме свој оркестар. Веќе сме во подготовки и почавме тоа да го реализираме, додаде Анастасовска.
Делчевското здружение на пензионери во моментот брои над 3200 пензионери, од кои поголем број се сконцентрирани во градот Делчево. Тренинзи со спортски настроените пензионери се одржуваат три пати во неделата, со тоа што секој натпреварувач ја избира дисциплината, за која смета дека е најподготвен. По повод успесите на Државниот натпревар во Радовиш, денес претседателката Анастасовска, организираше свечен прием за најдобрите.

Се зајакнува спортскиот дух кај пензионерите од Делчево

Се зајакнува спортскиот дух кај пензионерите од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, September 27, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*