Професори ќе ги откриваат и образуваат талентираните ученици

Преку постојано следење на образовниот процес стручни професори ќе ги откриваат и образуваат талентираните ученици и во Делчево. За таа цел во деветолетката „Ванчо Прке“, во организација на Македонска асоцијација за надарени и талентирани ученици (МАНТ), се одржа обука, како активност од додатната настава во наставните програми со можност за активно вклучување на професорите во воннаставните активности како и во слободните ученички активности и додатната настава. На обуката како што информираше Маријана Стоименовска, заменик директор во деветолетката „Ванчо Прке“ учествуваа и4 професори од деветолетката „Св.Климент Охридски“ како и ООУ ,,Св.Кирил и Методиј” од Македонска Каменица.
 
-После многу години, наставниците од двете училишта, изразија интерес да посветат посебен пристап со нови стратегии и методи, се со цел да им посветат должно внимание на овие ученици, за кои општеството треба да отвори нови можности за нивно понатамошно напредување. За ова, како и за сите значајни компоненти низ процесот на наставата, се дадоа интересни инструменти и програми со индивидуален пристап, да им се посвети поголемо вложување и силен поттик на надарените и талентирани ученици кои ќе бидат задоволни и мотивирани за натамошно нивно доизградување како личности, кои имаат свои капацитети за нови успеси, рече Стоименовска.
 
На настанот како што додаде, присуствуваа проректорот на УГД “Гоце Делчев”од Штип, Кирил Барбареев, факултетскиот професор Љупчо Кеверески кој е редовен професор на Универзитетот во Ново Место Словенија и претседател на Македонска асоцијација за надарени и талентирани ученици и Мика Илиевска, советничка од БРО од Делчево.
 
-Огромна благодарност за нивното присуство, бидејки со нив отворивме нови видици и нови предзнаења за талентираните и надарени ученици кои ќе бидат нашата иднина со новите идеи и креативни заложби за кои ние наставниците треба да им посветиме должно внимание, додаде Стоименовска.
 
Во рамки на овие активности како што информираа од „Ванчо Прке“, ќе следува и посебна обука за педагози и психолози.

 

Успешно завршена обука за НАДАРЕНИ И ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ релизирана од Амбасадата на Р.Словенија,Универзитет Ново Место,…

Posted by Marijana Stoimenovska on Saturday, September 28, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*