Ќе се санкционира нередовното враќање книги во делчевската библиотека

Јавната локална библиотека „Илинден“ ги има набавено скоро сите најнови наслови, се што е актуелно и барано, но насловите на полиците во библиотеката ги нема. Некои од читателите не ги враќаат книгите на време. Незадоволството кај другите читатели кои не можат да дојдат до нова книга расте. Библиотеката мора да превземе нешто да го реши овој проблем ко јсе провлекува со години.

-ЈЛБ „Илинден“ и годинава подготвува опомени за сите читатели кои не ги вратиле своите книги во рок од 15 дена. По доставувањето на опомените ќе дадеме временски рок од две недели да ги вратат книгите во библиотеката. Доколку и после овој временски период не се вратени, библиотеката ќе преземе еден вид санкции, односно ќе наплатува еден денар од поминат ден. Ова не е ништо ново, нити ние го измисливме, го има во речиси сите библиотеки, а ние мора да го направиме, затоа што некои наши читатели, по месеци, шест месеци, па дури и по една година не ги враќаат книгите во библиотеката, односно читателите земат книга, па ја даваат на свои роднини пријатели и колеги, книгата во библиотеката ја нема со месеци, а други наши читатели никако не можат да стигнат до нова книга. За нас сите читатели се подеднакво важни и сите читатели имаат исти права на книгите.

Петровска потенцираше дека  дека доколку читателот не ја прочитал книгата во рок од 15 дена може да ја задржи уште 15 ден, но притоа ќе мора повторно да ја запише на неговиот број.

-За стручната литература не се 15 дена, туку месец плус месец, затоа што таа е пообемна и потешка за читање. Во блиска иднина библиотеката ќе набави и програма, па наместо да издаваме книги на картон ќе се издаваат електронски, и тогаш ќе имаме поубав преглед во тоа кој читател кој наслов го земал, кога книгата е земана и кога треба да се врати, додаде Петровска.

Ќе се санкционира ненавременото враќање книги во делчевската библиотека

Ќе се санкционира ненавременото враќање книги во делчевската библиотека

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 1, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*